Спиев со половина Њујорк, па си најдов конечно маж: Искрено интервју на Ешли Греам

Добивај вести на Viber

Ешли Греам, најпознатата плус сајз манекенка, во контраверзно интервју за „Ел“ изјави дека спиела со половина Њујорк. Таа зборуваше за својот интимен живот и за бракот со Џастин Ервин со кого неодамна доби дете.

„Клучот на успехот е да водите љубов. Постојано водете љубов. Дури и ако не сте подготвени, впуштете се. Тоа сигурно ќе ви го подобри расположението“, изјавила манекенката.Својот сопруг, таа го запознала во локална црква додека волонтирала. 

„Се разбира дека си бевме привлечни еден на друг. Се прашував дали е тој личноста со која можам да го поминам животот. Пред него, спиев со половина Њујорк, ми здодеа, направив сѐ.  Сега се смирив крај човек кој постојано ме возбудува“, додала манекенката.