Животна училница // Холивудска прашина
„Срцето ми е скршено, оваа награда е за неа“: Почина мајката на Никол Кидман
Почина мајката на познатата актерка Никол Кидман. Таа го напушти фестивалот во Венеција, а режисерката Халина Рејн ја прими наградата за најдобра актерка за улогата во филмот „Babygirl“ во нејзино име.
Таа на сцената ја прочита изјавата на Никол Кидман, во која на самиот почеток откри дека не присуствува на доделувањето, бидејќи нејзината мајка починала.
„Само сакам да кажам дека мојата прекрасна и храбра мајка Џенел Ен Кидман почина и затоа не можев да присуствувам на наградата. Во шок сум. Морам да одам дома за да бидам со моето семејство. Оваа награда е за неа ме обликуваше, ме водеше и негуваше“.
Никол во последниве години не зборуваше за здравјето на нејзината мајка.
Причината за смртта се уште не е позната.
Фото: Принтскрин/ ЈутјубИзвор: Zena.blic.rs