Среќни вести: Турските ѕвезди Бариш Ардуч и Ѓупсе Озај ќе станат родители

Добри и среќни вести стигнаа од познатата актерска двојка, Бариш Ардуч и Ѓупсе Озај, кои пред две години стапнаа на лудиот камен во Чешме. Се дозна дека Ѓупсе Озај, која долго време не е видена, е во шестиот месец од бременоста.

Бариш Ардуч, кој во јули 2020 година се ожени со својата колешка, Ѓупсе Озај, со која е веќе седум години заедно, претпочита да го живее приватниот живот подалеку од јавноста. Среќни вести пристигнаа од турскиот заводник, кој веќе извесен период е далеку од очите на јавноста.

При присуството на една јавна забава, пред само неколку недели, на прашањето „Дали сакате деца?“ сопругата на Бариш Ардуч, Ѓупсе Озај, им се насмевна на репортерите и рече: „Уште малку време“.

На прашањето дали работата им попречува да ги завршуваат своите семејни обврски, згодниот актер одговори: „Не, тоа не се случува, иако тоа е природата на нашата професија. И двајцата сме луѓе кои меѓусебно се почитуваат и разбираат.“

Неколку дена по оваа изјава, беше откриено дека Озај е бремена во шестиот месец. Познатата новинарка, Омур Сабунџуоглу на својот профил на социјалните мрежи објави: „Станувам тетка. Само што разговарав со Ѓупсе. Тие се во шестиот месец од бременоста и се многу добро“.

Бариш Ардуч и Ѓупсе Озај, кои почнаа се заљубија за време на снимањето на еден заеднички проект во 2014 година, својата долгогодишна врска ја крунисаа со брак во 2020 година.

Бариш постојано вели дека бракот не му го променил животот драстично: „Ништо не се смени во мојот живот откако се оженив. Заедно сме седум години, бракот ни стана симболична работа, ништо не се смени. Имаме добар вкус“, рече тој.

Во моментов, Бариш и неговиот извонреден талент, имаме прилика да го гледаме на малите екрани во улогата на Кузгун во фантастичната серија „Гавран“.

Серијата ја раскажува тажната приказна на Кузгун, чијшто семеен живот целосно се менува откако неговиот татко, кој работи како полицаец, ќе биде предаден од негов колега, Рифат, и избркан од полицијата поради скандал со дрога.

Потоа, Рифат станува десна рака на шефот на подземјето, а таткото на Кузгун завршува во затвор. Со тоа, семејството на Кузгун се разделува, неговата мајка и браќа и сестри го напуштаат, а тој останува да се грижи сам за себе.

20 години подоцна, Кузгун е подготвен да се одмазди. Кузгун прави план да се инфилтрира во бандата на Рифат и потоа да стане најмоќниот човек во Истанбул. За да ја постигне својата цел, тој ја користи ќерката на Рифат, Дила. Со помош на Дила, Кузгун започнува да работи со бандата на Рифат.

Дали Кузгун ќе заборави на своето минато и ќе успее да живее во мир? Дали Кузгун ќе се откаже од одмаздата заради Дила? Дали нивната љубов ќе победи?

Серијата „Гавран“ можете да ја гледате секој ден од 16:40 на каналот Dizi.


*ПР објава