Српската принцеза Даница Караѓорѓевиќ во фустан во чоколадна боја: Како излезена од бајка (ФОТО)
Во емисијата на Иван Ивановиќ гостуваше српската принцеза Даница Караѓоревиќ, сопругата на принцот Филип, а за таа прилика избра фустан со необичен крој и во прекрасна чоколадна боја кој суптилно блеска.
Фустанот е скромен, но не и досаден - благодарение на впечатливите ракави.
„Паф“ ракавите на фустанот даваат ефект на луксуз, а бидејќи се малку спуштени не изгледаат премногу ретро, туку доста модерно.
Фустанот убаво го истакнува и струкот на Даница Караѓорѓевиќ, а таа одбра фризура по која е препознатлива.
Покрај кафениот фустан, принцезата избра и класични „голи“ чевли од превртена кожа.
Даница во емисијата говореше за родителството, како и за одлуката да живее во Србија со сопругот. На прашањето дали некогаш замислувала дека ќе биде принцеза, таа одговори:
„Интересно е што имав визија да надградам дел од мојот уметнички живот, дел од патот што го водев и целото мое школување, за да можеме да бидеме со луѓето, на нивна услуга, да правиме многу работи што ќе донесат добро за нив“.
ВИДЕО: