Српскиот дизајнер чии креации носеше и Лејди Гага го промени полот: Сега се вика Миа (ФОТО)

Модниот дизајнер Марко Митановски, кој доживеа светска слава пред една деценија, кога неговите креации беа пофалени од британскиот „Вог“, а ги носеше Лејди Гага, веќе неколку години не беше забележуван во јавноста.

Цело време кариерата ја градеше надвор од Србија, а вчера, сите што ја следеа и почитуваа неговата работа беа изненадени од веста дека модниот дизајнер го сменил полот и дека повеќе не е Марко туку Миа Митановски.

Марко на 10 октомври сподели фотка на социјалната мрежа Инстаграм, со краток опис „бу“, а набрзо се дозна дека дизајнерот направил операција за промена на полот и со тоа си ја исполнил најголемата желба.


А вчера објави и нови фотки на кои трансформацијата е јасна.

Целата трансформација не може да се види на неговиот профил, но сликата од 2017 година на која тој прегрнува две пријателки покажува дека тој веќе неколку години минувал низ процес на промена на полот.


извор:srbijadanas.com