Стефановска: Пандемијата ги стави луѓето во грч кој телото долго ќе го памти
Пандемијата донесе многу негативни и малку позитивни работи во животот на луѓето, и новата нормалност ќе го смени начинот на живот.
Периодот кој помина беше исполнет со рестрикции во движењето и голема претпазливост, со цел луѓето да не се заразат од новиот коронавирус. Психолог Христина Стефановска вели дека пандемијата е поголема психолошка криза за целиот народ од било каква економска, стопанска, политичка криза.
„Кога станува збор за криза која веќе долго трае можните позитивни исходи од истата се помалку бројни од негативните. Народот е крајно исфрустриран, исплашен, конфузен во своето дејствување и живеење. Што значи дека после завршувањето на оваа пандемија ќе нѐ очекувааат повеќе негативни последици врз менталното здравје отколку позитивни исходи од истата. Прилагодувањето кон новонастанатата ситуација и условно речено адаптацијата кон новиот начин на живот сѐ уште трае и ќе трае бидејќи ќе постои група на луѓе која сепак нема да може да се адаптира на овој начин на живот. Ќе се бунтува и ќе биде девијантна во своето дејствување што ќе биде резултат на целокупното разочарување. Дел од луѓето слепо ќе ги почитуваат мерките плашејки се за себе или за своите најблиски носејќи чувство на вина за да не бидат тие самите причина за нечие заразување. Постои и група на луѓе кои за целото ова време останаа будни, свесни за своите мисли, емоции и фрустрации, зачувувајќи го својот разум и можеби тоа е единствената група луѓе која ќе биде најмалку погодена од сето ова“, изјави Стефановска.
Целиот текст за дејствувањето на пандемијата од корнавирус врз луѓето прочитајте го на Фактор.мк