Стил на денот: Совршен шик есенски изглед – комбинација за чиста десетка

Добивај вести на Viber

Оваа комбинација е за чиста десетка

Ешли Робертс уште еднаш ги воодушеви модните критичари и обожаватели со изборот на комбинација на облека. Таа е некоја која , кога се однесува до модата, никогаш не греши, па не е чудно што често го зазема првото место на модната топ листа.

Нејзиното чувство за мода е совршено, па овој пат ни даде одличен предлог за есенски аутфит. 

Таа прошета во стајлинг во кој доминираа 3 бои, розова, зелена и црна. Оваа комбинација е совршена за мрачните денови кога на сите ни треба малку спокојство и добро расположение. 

Научно е докажано дека светлите бои благотворно делуваат на нашето расположение, а тоа секако е уште еден плус од овој аутфит.

Здолништето со тесен рез и високиот струк ги истакнаа нејзините облини, а капутот направи да изгледа апсолутно шик.


Фото: Профимедиа