Стил на денот: 57-годишната Сандра Булок во виолетов плишен костим воодушеви со својот изглед

Добивај вести на Viber

Оваа позната актерка на 57 години блеска и изгледа фантастично.

Сандра Булок, позната по својот шарм и харизма, изгледа прекрасно за снимањето на шоуто „Џими Кимел во живо“.

Костимот што го носеше за оваа пригода изгледаше како да е скроен по неа, а бојата целосно одговара на нејзината коса и тен.

Бринетата блеска во виолетово плишано одело, составено од блејзер и широки панталони. Таа носеше свилена кошула со машна под блејзерот, а својот елегантен стајлинг го надгради со светкави сандали. Повод за нејзиното гостување е нејзиниот нов филм „The Unforgivable“, чија премиера е закажана за 24 ноември.

извор:stil.kurir.rs
фото:Profimedia