Стил на денот: Александра Пријовиќ во комбинација совршена за безброј пригоди
Фото: Инстаграм/ aleksandraprijovic
Прослава, деловен состанок, ноќно излегување, одење на ручек, оваа комбинација е одлична во милион ситуации!
Српската пејачка Александра Пријовиќ е секогаш на висина на задачата, без оглед на стилот што се очекува од неа во различни прилики.
Овој пат популарната пејачка сподели две фотографии кои ги воодушевија нејзините следбеници на Инстаграм со нејзиниот интересен стајлинг.
Имено, пејачката позираше во црни кожени панталони кои изгледаат уште подобро благодарение на тесните црни чизми со средни потпетици. Клучното парче е проѕирна светло-виолетова кошула украсена со голема машна, детаљ што Меланија Трамп го врати во мода во последните неколку години и што дава одредена нота на софистицираност на комбинацијата.