Стил // Стил на денот
Стил на денот: Ана Ивановиќ во совршена деловна комбинација
Комбинација без грешка...
Ана Ивановиќ е многу активна на социјалните мрежи и често споделува фотографии со своите следбеници, а најмногу се коментираат нејзините комбинации. Судејќи според бројот на лајкови, оваа особено им се допадна.
Поранешната тенисерка ни даде одличен предлог за деловна комбинација, која не само што изгледа феноменално, туку е и прилично удобна.
Тесните црни фармерки со висок стук во комбинација со блејзерот во светла боја се полн погодок. За комбинацијата да не биде монотона и премногу обична, Ана на себе има облечено и маица со детали од чипка, додека косата и е врзана во коњско опавче.
Доколку не знаете што да облечете, со овој стајлинг дефинитивно нема да погрешите.