Стил на денот: Анџелина Џоли во здолниште кое визуелно ја намалува половината

Добивај вести на Viber

Предимензионираните макси здолништа се ретка глетка на црвениот тепих, особено во пресрет на големите настани како што е британската премиера на новиот филм на Marvel „Eternals“ со Анџелина Џоли во една од главните улоги.

Актерката и режисерка се појави пред кино салата BFI IMAX во Лондон во грандиозна верзија на женски деловен костим составен од предимензионирано црно макси здолниште до подот, кое го спои со бела кошула и црна јакна. Станува збор за комплет со потпис на италијанската модна куќа Валентино, чии парчиња најчесто сака да ги носи - и во свечени и во приватни пригоди. 

Вниманието на насобраните особено го привлече макси здолништето на Анџелина кое беше толку долго што целосно и ги сокри чевлите.

А кројот на здолништето визуелно го намали струкот на познатата дама, особено во комбинација со струкираната кошула и сакото. Станува збор за комбинација која навистина ретко се гледа на црвениот тепих. 

Анџелина Џоли на премиерата се појави со нејзините деца Шајло, Захари, Вивиен, Медоско и Нокс. 


Фото: Профимедиа