Стил на денот: Антониа Гиговска во тексас од глава до петици

Добивај вести на Viber

И оваа пролет тексас, односно деним парчињата ќе се издвојуваат како модни трендови.

Деним комбинациите отсекогаш биле безвременски - се сеќаваме сите на Бритни Спирс и Џастин Тимберлејк - момент во тексас кој и ден денес се копира, па и Канје Вест и Џулија Фокс во поново време кои исто така се појавија во тексас од глава до петици и ги собраа сите симпатии.

Така и Антониа направила одличен избор со тоа што додала малку боја.

Таа се одлучила за зелена чанта, црн топ и црни чизми кои одлично одат со тексас комбинацијата.

View this post on Instagram

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)


Инаку кога комбинирате тексас на тексас битно е боите да се приближно слични.