Стил // Стил на денот
Стил на денот: Балканската Моника Белучи плени во костим комбиниран необично
Хрватската пејачка Нина Бадриќ ја нарекуваат и Балканската Моника Белучи токму поради облините и тоа што не користи никакви естетски корекции за разубавување.
Да, Нина е прекрасна и природна, а нејзиниот стил одлично го усогласува со своето тело.
На настапот во Бања Лука таа носи модифициран машки костум со пепито дезен, но наместо со чевли, одбра чизми, а долниот дел од панталоните е ставен во нив.
Комбинацијата ја заокружи со крзнена кратка бунда и кожени ракавици кои одлично прилегаат со костимот.
Фото: Инстаграм