Стил на денот: Дакота Џонсон во романтичен летен фустан

Добивај вести на Viber

Едноставен, лесен и неопходен, токму затоа овој фустан е вистински избор за во лето.

Комбиниран со патики или ниски сандали е одличен за преку ден, од друга страна пак со само неколку детали може да се претвори во елегантен, романтичен фустан за летни вечерни излегувања.

Функцијата на заштитна маска, во случајов ја има бандана марамата, која го надополнува изгледот на актерката, покрај тоа токму бандана принтот е прогласен и за дезен кој ќе доминира оваа лето.