(ФОТО) Овој дезен ќе доминира на модната сцена во текот на летото

Добивај вести на Viber

Беше голем хит во текот на 90-тите, а оваа сезона повторно станува ин.

Овој принт беше сакан од сите, а ова лето повторно ќе биде на модната сцена. Без сомнение ќе ги освои срцата на сите дами.

Овој шарен принт ќе го најдете на скоро сите парчиња облека, од сандали, маици, па сè до ленти за коса и панталони. Најдобро од сè, одговара на сите стилови, и доволно е  ефикасен, така што секој аутфит ќе го направи интересен. А едно е сигурно, сите ќе гледаат во вас.

Модните експерти велат дека доколку сакате да бидете во тренд ова лето, набавете барем едно парче со овој принт. Трендсетерите се луди по овој принт и го носат многу.

Парчиња обека може да се најдат во сите бои на принтот „бандана“.

Доколку изберете панталони или маица со овој принт, ќе имате ефективна и импресивна облека без многу напор. Погледнете како модните блогери го комбинираа овој принт: