Стил на денот: Деловни комбинации по примерот на Амал Клуни кои ќе се носат оваа есен

Добивај вести на Viber

Амал Клуни, сопругата на Џорџ Клуни, има одлично чувство за мода и тоа го докажува со секое ново појавување. Нејзините деловни модни комбинации честопати се оценуваат како чиста десетка, па не е изненадување што адвокатката е инспирација за жените ширум светот.

Таа секогаш воодушевува со своите модни избори. Овој пат издвоивме неколку од нејзините најдобри деловни стајлинзи, кои сигурно и оваа есен ќе ги гледаме по градските улици.