Стил на денот: Деми Ловато во одлично фустанче за покрупни девојки

Добивај вести на Viber

Деми Ловато неодамна ја раскина свршувачката со партнерот Макс Ерих, а денес е наша инспирација за стил на денот.

Таа е една покрупна девојка која знае што ѝ стои добро. Токму пред некој ден на своја објава на Инстаграм откри дека ѝ пораснале градите затоа што конечно почнала да јаде што сака и повеќе не сака да трча до исцрпеност или да држи строги диети.

Ова кратко фустанче со долги ракави, интересен дезен, отворено деколте и ремен на половината е одличен избор за дамите кои имаат слично тело со она на пејачката.