Стил на денот: Џенифер Лопез повторно го облече летниот фустан од пред една декада кој го носеше на ручек со тогашниот партнер
Една од најфотографираните жени на планетата е изложена на стотици погледи и десетици папараци секој пат кога ќе ја напушти куќата, периодов е мета поради раскинувањето на свршувачката со Алекс Родригез.
Паралелно со интересот да се види со кого таа ја напушта куќата или се држи за рака, внимателно испланиран е и секој нејзин аутфит, и интересно е што ретко ја забележуваме во исто парче облека, но не може да се откаже од овој стар летен фустан.
Пејачката и актерка Џенифер Лопез е една од славните дами кои можат да се пофалат со завидна колекција на елегантни фустани, скапи чанти и, особено, најлуксузната спортска облека, но и покрај тоа, постои старо парче облека што изгледа дека никогаш не го напушта скапиот гардеробер.
Станува збор за едноставен летен фустан во кој Џеј Ло се појави пред неколку дена во едно училиште во Лос Анџелес. Со едноставен беж горен дел и лелеаво бело здолниште кое се шири веќе од под градите, а е потпишано од брендот ALC. Бидејќи има крој А, тоа е совршен избор за прикривање на можни несовршености, а исто така е и одличен избор за многу високи температури.
Пејачката за прв пат се појави во фустанот уште во 2012 година, кога излезе на роденденски ручек со нејзиниот тогашен партнер Каспер Смарт.
извор:stil.kurir.rs
фото:profimedia