Стил на денот: Едноставен капут, фармерки и патики, Амал Клуни воодушеви со опуштено издание
Амал Клуни е позната како дама со беспрекорен стил, која речиси никогаш не прави модни грешки и секогаш е облечена според пригодата... Одлично се снаоѓа во деловни и свечени изданија, како и во опуштен, секојдневен стил.
Неодамна папараците ја уловија во Њу Џерси на лет со приватен авион, а Амал воодушеви со стајлингот за ова патување.
44-годишната адвокатка играше со лежерни и елегантни парчиња, создавајќи ноншалантен, едноставен аутфит без грешки.
Избра фармерки „ѕвонарки“, кои се еден од најпопуларните модели за оваа сезона, а ги надополни со најобична бела маичка и бели патики.
Но, клучното парче во оваа комбинација беше долгиот сив капут кој придонесе сè да изгледа пораскошно и попривлечно. Амал го заокружи изданието со голема, црна, кожна чанта и модерни очила за сонце.
Извор: stil.kurir.rs