Убавица која изгледа беспрекорно и во петата деценија од животот: Ова се тајните на Амал Клуни

Добивај вести на Viber

Амал Клуни (42) важи за една од најубавите дами во светот, има беспрекорен моден стил, но и беспрекорен тен. Познатата адвокатка изгледа помладо, а медиумите особено пишуваа за нејзината витка линија веднаш по породувањето.

Амал во неколку наврати зборуваше за нејзините трикови за убавина, а ние ви ги пренесуваме во продолжение.

View this post on Instagram

A post shared by Amal Clooney Style (@amalclooneystyle)



Утринска нега

Во едно интервју откри дека најголемо внимание посветува на ритуалите секое утро кои во голема мера според неа се заслужни да има негувана кожа на која можат да ѝ позавидат и многу помлади жени. По туширањето задолжително нанесува хидратантна крема и заштитна подлога за долготрајна шминка.

Здрав појадок

Иако има две деца, Амал не ја запостави грижата за нејзиното тело и редовно работи на себе. Згодната адвокатка секое утро одвојува два часа за тренинг. Саат време оди на трака, а вежбањето го комбинира со пилатес и со утринска гимнастика.

Преферира медитеранска кујна, а ја обожава супата од морски алги. Таа се состои од најдобриот јод кој содржи витамини, минерали, цинк, железо и разни антиоксиданси.

View this post on Instagram

A post shared by Amal Clooney Style (@amalclooneystyle)



Опуштање со кафе

Џорџ Клуни во едно шоу откри дека неговата сопруга секое утро го започнува со омиленото кафе. „Убавината е во малите нешта“, порача Амал во една прилика.