Стил на денот: Екстра кратко мини здолниште и мрежести хулахопки, Лила е вистинска бомба

Добивај вести на Viber

Водителката и инфлуенсерка Лила Филиповска важи за една од најдобро облечените дами кај нас. Таа постојано го докажува тоа во своите објави нa Инстаграм, каде секогаш е стокмена од глава до пети. 

Овој пат е наша модна инспирација во едноставна комбинација зачинета со многу сексапил. Бела кошула искомбинирана со екстра кратко кожено здолниште во црна боја, надополнето со мрежести хулахопки. Целиот моден избор го заокружи со тренди сандали и златен накит.