Стил на денот: Фахрије диктира мода во прегратките на сопругот Бурак Озџивит
Турската актерска двојка, Бурак Озџивит попознат како Бали Бег и Фахрије Евчен која ја паметиме по улогата на Неџла, важат за најхармоничен и најубав пар на турската јавна сцена.
А токму една од заљубените фотографии на парот е наша стилска инспирација за денес.
Фахрије во прегратките на сопругот Бурак, буквално диктира мода. Црните кожени панталони продолжуваат да бидат ИН и во преодната сезона, а актерката ги носи со ултра трендовска блуза во популарен принт и водечка комбинација на бои периодов - црно со зелено.
Дефинитивно впечатлива комбинација која вреди да ја ископирате.
Инаку фаталниот воин од „Сулејман Величествениот“, Бурак Озџевит, кој ја маѓепса женската публика со улогата на Бали-бег, е горд татко на синчето Каран кое го има со сопругата Фахрије, тие се веќе неколку години во брак, а Каран е копија на татко му.