Стил // Стил на денот
Стил на денот: Ирина Шајк во сензуален плетен сет кој мора да го имате оваа есен
Моделката Ирина Шајк беше забележана на улиците низ Њујорк во сензуално издание.
Имено 34-годишната моделка од Русија изгледаше неверојатно во плетен сет од блуза, кратки панталони и долг џемпер, откако последно беше видена на ревијата за најновата колекција на пејачката Ријана, позната како „Savage X Fenty“.
Топлиот сет во црна боја беше надополнет со црни стилето чизми, црни очила за сонце и црна маска. Моделката истотака се одлучила за минимално накит и опуштено издание без шминка и со лежерна фризура.
Имено Ирина беше главна ѕвезда на последната ревија на Ријана во октомври, каде ги засени буквално сите со своето тело кое е совршено, и покрај раѓањето на ќерката од врската со актерот Бредли Купер.