Стил // Стил на денот
Стил на денот: Ивана Кнез во фустан кој е олицетворение на женственоста
Креаторката и дизајнерка Ивана Кнез е дама која е секогаш дотерана од глава до пети. Овој пат таа покажа совршен модел на фустан со безвременски крој, кој ја истакнува женственоста.
И дезенот на фустанот е буквално безвременски. Имено, таа носи бел фустан со точки со интересен летен крој кој ја истакна нејзината линија и прави да изгледа совршено стилизирана.
Овој модел на фустан е одличен за опуштена прошетка во природа, а со некои елегантни детали може да биде совршен и за вечерни излегувања.
Фото: Инстаграм - Ивана Кнез