Стил на денот: Јелена Ѓоковиќ и малата Тара во летни фустани и сламени шешири

Добивај вести на Viber

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, со години е позната како една од најмодерните жени која промовира нежен и природен изглед.

Таа уште еднаш докажа дека со право е модна инспирација на многу жени.

За жешкиот летен ден, Јелена одбра фустанче што ја потенцира нејзината витка фигура.

За да ја разбие монотонијата, таа го надополни овој стил со впечатливи детали - ѓердани и нараквици изработени од бисери, како и сламен шешир.
Рамните шик сандали се нејзиниот избор за комплетирање на изгледот.

Јелена целосно ја синхронизираше својата модна комбинација со нејзината ќерка Тара.

Малата Тара и нејзината мајка шетаа заедно во летни фустанчиња и сламени шешири.