Стил на денот: Јелена Розга е беспрекорно елегантна во црн фустан кој секоја дама би го посакала

Добивај вести на Viber

Од Сплит доаѓаат вести дека Јелена Розга е во врска со сограѓанинот Иван Пашанин, еден од најпознатите хрватски готвачи, а ние навиваме за нив бидејќи од она што го видовме - тие се идеална двојка.

Додека да дознаеме нешто повеќе за оваа врска, ќе се посветиме на стилот на Розга кој е секогаш беспрекорен.

Хрватската пејачка се одлучи за гламур и елеганција сето тоа склопено во еден прекрасен романтичен црн фустан кој секоја дама би го посакала. Покрај тоа фустанот е одличен избор за свечености и посебни прилики.

Јелена го комбинирала со нежни црни сандали, минимален накит и заштитниот црвен кармин, се разбира.