Стил на денот: Јелена Томашевиќ покажа единствен начин како да ја износите краток црн фустан и да ги сокриете килограмите
Пејачката во комбинација која многу дами со задолство би ја ископирале...
Сопругата на актерот Иван Босиљчиќ и пејачка Јелена Томашевиќ не е некој кој сака да соработува со стилисти, туку сама ги одбира модните комбинации, свесна дека најдобро умее да процени што одговара на нејзиниот сензабилитет.
Досега во тоа одлично се снаоѓаше. Многу вешто ги комбинираше парчињата облека кои ѝ ги прикриваат недостатоците, а ги истакнуваат нејзината женственост и фигура, а интересно е тоа што во нејзината дведецениска кариера нема облечено нешто дегутантно, дискутабилн, или нешто што не оди со нејзините години.
Мини здолништа скоро никогаш не носи, а дури ни во младоста овие модни парчиња не биле составен дел од нејзините модни комбинации. Сепак, неодамна направи исклучок, а сето тоа благодарение на краткиот црн фустан, кој е идеален за секоја прилика.
Модното парче кое секоја дама треба да го има во својот плакар, Јелена го искомбинира со високи, кожени чизми над колека, кои ги истакнаа нејзините извајани нозе, и се создаде впечаток дека поп ѕвездата драстично ослабнала. Освен впечатокот дека многу работела на своето тело, во прв план, по кој знае кој пат беше стилот на пејачката, за кој веруваме дека многу дами со задоволство ќе го ископираат.
фото: Принтскрин / Инстаграм