Стил // Стил на денот
Стил на денот: Како да искомбинирате мини здолниште како Милена Антовска
Водителката Милена Антовска е жена со изграден стил. Овојпат ја имаме како модна инспирација на денот, со која ќе ви помогнеме да видите како треба да комбинирате мини здолниште во овие денови.
Црвената боја како еден од водечките трендови сезонава, изгледа одлично во комбинациите на Милена. Таа мини здолништата ги комбинира со едноставни блузи и сакоа.
Водителката на емисијата „Сподели проблем со Милена“ на „Канал 5“ за Женски Магазин откри дека ѝ недостасуваат уште неколку часа во денот за да стаса да направи сѐ што сака. Сепак, време за лична нега таа секогаш наоѓа.