Стил на денот: Кејт Балншет, кралица на елеганцијата стигна во Кан во најубавата црно-бела тоалета
Актерката Кејт Бланшет прошета на црвениот тепих во елегантен фустан со црна наметка.
Четвртата вечер на 76. Кански фестивал на едно место ги собра љубителите на седмата уметност.
Натали Портман нѐ воодушеви со својот „омбре“ фустан, а една од апсолутните кралици на елеганцијата беше актерката Кејт Бланшет.
Таа се појави на премиерата на нејзиниот нов филм „New Boy“, а со својата појава ги запре сите погледи.
Таа за оваа пригода избра креација со потпис на Lous Vuitton.
Белиот фустан без ракави имаше тенок црн појас што ја прицврстуваше фигурата на актерката и два големи странични џебови кои беа целосно покриени со сиви светки.
И токму вака, фустанот би бил меѓу најубавите што се појавија на овогодинешниот фестивал во Кан.
Меѓутоа, целиот изглед го заокружи црната наметка која почнува од половината преку градите, а потоа паѓа по грбот и стига до подот.
Актерката целата комбинација ја заокружи со црни сатенски чевли со платформа на Giuseppe Zanotti и обетки Louis Vuitton Lousette.Косата ја собрала во опуштена пунџа.
ФОТО:Инстаграм