Стил на денот: Кејт Мидлтон во капут и ролка фустан, ќе се вљубите во бојата на целата комбинација (ФОТО)

Кејт Мидлтон се појави во камел боја издание кое е јасен пример за тоа како можете да изгледате како милион долари дури и во минималистичка облека.

Дури и врапчињата на гранка веќе знаат дека Кејт Мидлтон е кралица на добриот стил, а војвотката не престанува да нѐ воодушевува со нејзиниот моден избор. Таа покажа како да изгледате стилски, моќно и елегантно дури и во минималистички комбинации.

View this post on Instagram

A post shared by Duchess On A Budget - Princess Kate (@duchessonabudget19)



Имено, Кејт на еден настан се појавила во камел нијанса од глава до пети, и ги заробила сите погледи на присутните. Волнениот рол фустан го искомбинирала со капут во иста нијанса, но и со салонки во слична нијанса. Целиот аутфит го комплетирала со едноставни златни обетки и чанта во истите тонови.

Единственото нешто што се издвојуваше беше препознатливиот црвен афион цвет на реверот, брош што традиционално го носат членовите на кралското семејство во спомен на сите жртви од Првата светска војна во пресрет на претстојниот Ден на примирјето.

View this post on Instagram

A post shared by Catherine, Princess of Wales (@theelegantprincessofwales)



Ролските фустани се вратија со стил на модниот радар, а овој пат војвотката избра модел со А-крој кој одлично го истакнува струкот и изгледа софистицирано и елегантно.

View this post on Instagram

A post shared by The British Royal Family (@royal_familyofbritain)



Таа дополнително ја истакна витката линија со кафен ремен, што на аутфитот му даде посебна нота. Кејт уште еднаш докажа зошто ја нарекуваат кралица на минимализмот, а нејзиниот пример е одличен доказ дека е можно да изгледате моќно и посебно дури и ако сте од глава до пети во неутрални тонови.


ФОТО: Инстаграм