Стил на денот: Кејти Холмс блеска и во лежерна комбинација

Добивај вести на Viber

Американската актерка Кејти Холмс беше уловена на њујоршките улици додека се шеташе со ќерката Сури Круз, која ја доби со поранешниот сопруг и колега Том Круз.

Во таа прилика го привлече вниамнието на фоторепортерите со својот дневен лежерен изглед. Кејти Холмс за прошетката со наследничката одбра тренди фармерки со широки ногавици во комбинација со светло сина кошула.


Фармерките кои ги носи се вистински хит оваа сезона, а на нозете носеше мокасини од познатата модна куќа „Гучи“. Лежерната комбинација ја заокружи со очила за сонце и кафена чанта. Секако, заштитната маска беше задолжителна.

фото: Profimedia