Стил на денот: Кога ќе ги видите, ќе ги посакате- Сандалите на Северина

Добивај вести на Viber

Позната е по изострениот стил на облекување. Секогаш внимава на деталите, се облекува скапо, во брендирани парчиња и знае како да ги комбинира. Северина е ѕвезда која освојува и со песните, но нејзината појава привлекува огромно внимание. Така е и овој пат.

На Инстаграм постираше фотографии од нејзините најнови сандали со потпис на Софија Вебстер, кои чинат 550 евра. 

Тие се изработени од повеќебојна кожа и имаат висока потпетица како и холографски ремен за прсти. 3Д крилјата на пеперутка се протегаат во задниот дел. Имаат прилагодлив ремен за глуждот. Ги комбинираше со цветен фустан и изгледа фантастично.