Стил на денот: Кралицата Летиција во најпопуларниот зимски фустан – ова парче мора да го имате
Кралицата Летиција
уште еднаш стилизирана без грешка
Кралицата Летиција од Шпанија и нејзиниот сопруг, кралот Фелипе Шести, присуствуваа на прославата на 75-годишнината од градското транспортно претпријатие Мадрид.
По тој повод, кралската двојка го посетила нивниот оперативен центар, кој се наоѓа во мадридскиот кварт Карабанчел и таму се качиле со електричен автобус.
За тој повод кралицата Летиција од Шпанија беше совршено облечена. Таа за оваа пригода избра многу пристојна комбинација на облека.
Носеше плетен фустан со потписот на шпанскиот бренд Massimo Duti во сина боја, класичен црн капут на венецуелската дизајнерка Каролина Херера и високи чизми од Стив Мадена.
За многу жени, плетените фустани се омилени во студените месеци, особено оние кои не сакаат да носат панталони.
Со оглед на тоа колку се барани, може да се каже дека плетените фустани се најпопуларниот зимски модел.
Фото: Профимедиа