Стил на денот: Криси Тајген во фустан кој може да се носи на повеќе начини и за повеќе прилики

Добивај вести на Viber

Сопругата на славниот пејач Џон Леџенд и поранешна манекенка, Криси Тајген е позната по нејзината смисла за хумор и по тоа што секогаш го кажува тоа што го мисли, па често е трендинг тема на разговор на социјалните мрежи. Дали е секогаш во право или не, нема да коментираме, но едно е сигурно, нејзиниот стил е тој кој е секогаш во право и со него никогаш не греши.

Од свечени настани, до опуштени изданија, Криси секогаш знае како да се облече на најдобриот начин.
А денес модна инспирација ни е со едно пролетно, нежно и романтично издание.

Станува збор за фустан кој може да се носи на повеќе начини и погоден е за повеќе прилики.

Всушност, станува збор за долг и тенок кардиган кој во случајов Криси го закопчала и ставила каиш и во комбинација со пролетните чизми добила одличен тренди аутфит.

Покрај тоа што можете да го носите како фустан со каиш, долгиот кардиган ќе ви користи и како наметка врз фустани, врз фармерки и кратки маици или корсети за ноќни летни прошетки, за поладните денови можете да го носите со хулахопки и хеланки, со маица или кошула одоздола за деловни настани, итн.
Покрај многуте начини на кој можете да го носите погоден е и за најразлични прилики.