Стил // Стил на денот
Стил на денот: Лила Филиповска со еден детаљ и обичната црна комбинација ја направи посебна
Тајната е во деталите...
Познатата водителка Лила Филиповска е една од македонските јавни личности кои секогаш и во секоја прилика изгледа како „милион долари“. Ретки, па дури и не постојат ситуации кога таа прави модна грешка, па така беше и овој пат.
Имено, таа за време на продолжениот викенд сподели фотографии од сончевиот Солун, на кои ја покажа модната комбинација која ја одбра за кафе шема покрај море.
Навидум ова е само една црна комбинација во низата, но Лила со помош на еден детаљ ја крена на едно повисоко ниво. Станува збор за изборот на чевлите - црвените мокасини, кои ова сезона се едни од „must have“ обувките и кои секоја дама треба да ги има во својот плакар.
фото: Принтскрин / Инстаграм