Стил на денот: Марија Килибарда е дефиниција за отменост во овој прекрасен костум

Добивај вести на Viber

Стајлингот на српската водителка Марија Килибарда, секоја жена ќе посака да го ископира!

Водителката Марија Килибарда (41) повеќе од две децении зрачи со својата природна убавина, позитивна енергија и харизма, а многумина се согласуваат дека таа е една од најубавите Србинки.

Покрај раскошната убавина, водителските вештини, Марија има и одличен моден вкус, секогаш е облечена со стил и никогаш не ги надминува границите на добриот вкус.

Овој пат е наша модна инспирација во совршено скроен женски костум, моден избор со кој никогаш не можете да погрешите - без разлика дали ќе го носите на деловен состанок или на гала дочек, крштевка, свадба, па дури и на вечерно излегување. 

View this post on Instagram

A post shared by marija kilibarda (@kilimara)


Костум во боја на песок - сако со неожолти детали и ултра модерни панталони со широки ногавици и малку подлабок струк, кои го истакнаа нејзиниот рамен стомак.

Заедно со овој совршен стајлинг Марија искомбинира дискретен накит и едноставна фризура.


Извор: stil.kurir.rs