Летен материјал, посебен дезен и чиста елеганција: Марија Килибарда во миди фустан одржа модна лекција (ФОТО)
Марија Килибарда е едно од омилените ТВ лица, која македонската јавноста ја запозна од шоуто „Твоето лице звучи познато“...
Марија Килибарда е секогаш насмеана и стилизирана со вкус, а нејзината харизма е она што ги освои срцата на публиката и е дефинитивно нејзин заштитен знак.
Водителката често е инспирација за различни модни комбинации, па така од неа можеме да украдеме разни идеи за тоа како да изгледаме совршено, а истовремено да бидете елегантни.
Како што се наближува летото, а топлите денови се сѐ почести, сигурни сме дека комбинациајта на водителката е идеално решение за овие денови и ви гарантираме дека нема да останете незабележани.
Сатенски фустан е она што ќе ви биде неопходно ова лето, а Марија има совршен модел, кој одлично ѝ стои. Миди фустаните се секогаш популарни, а особено оваа сезона, па затоа е неважно каков дезен ќе одберете доколку совршено го вклопите со обувките, како што го направи тоа Килибарда со тренди влечки.
Тенки прерамки, ведри бои, сатен, цветен дезен или некој друг - идеален фустан за прошетка покрај море и вечера во некој ресторан.
Оваа комбинација одговара и на сандали и патики, така што вие сте тие кои ќе одлучите во што се чувствувате најдобро.
фото: Принтскрин / Инстаграм