Стил на денот: Мелина Милески во комбинација на сезоната
Мелина Милески е сопственичка на салоните за убавина „Силуете“ . Taa е наша инспирација за стил на денот.
Комбинацијата која ја избрала Мелина, е тренд број еден летово.
Имено, таа се одлучила за фустан во боја која е летен хит - портокалова, а за да биде стајлингот целосен , се одлучила за сандалите кои се исто така најбарани оваа сезона во иста боја се како фустанот.
Целиот изглед, Мелина го дополнила со елегантна чанта и обетки кои доаѓаат до израз.
Портокаловата е најголемиот летен хит: Огнена боја која асоцира на луксуз
Ако вашата цел е да изгледате модерно оваа сезона и целосно да го освежите вашиот стајлинг, изберете портокалова боја
Летото непогрешливо ни носи топли и светли бои. Минатата година најпопуларните бои беа пастелни во сите нијанси, додека оваа година „престолот“ го делат виолетова и портокалова.
Покрај тоа што портокаловата го подига стилот на облека на повисоко ниво и на секој стајлинг му дава уникатен печат, тоа влијае и на расположението. Портокаловата е многу привлечна боја која привлекува големо внимание и како таква е многу популарна и може да се најде буквално на сите парчиња облека.
Сепак, многумина се скептични кога станува збор за носеноста или комбинирање на оваа огнена и весела боја, но портокаловата совршено се вклопува со други бои.
Портокаловата палета на бои има неколку нијанси, а вие изберете една што ќе ја нагласи вашата природна убавина.
Пред огледало со Мелина Милески: Балансот во исхраната, третманите и вежбањето ми носи неверојатен резултат