Стил на денот: Нина Бадриќ во бел фустан кој ја истакнува половината и ги нагласува облините

Добивај вести на Viber

Дали ова е најубавиот бел фустан кој сме го виделе?

Пејачката Нина Бадриќ е една од најубавите и најстилизираните познати дами во регионот.

На социјалните мрежи често ги објавува своите модни комбинации, и во едно сме сигурни: со својот пример може да инспирира девојки кои сакаат да постигнат стил на дама и да изгледаат стилизирано во секоја прилика.

Во еднобојни и едноставни модни парчиња, Нина секогаш дава посебна нота, а така беше и пред неколку дена.

Пејачката се одлучи за едноставен бел долг фустан, со впечатливо деколте.

За потсетување, пејачката веќе неколку пати воодушевува во бели креации, но изгледа дека овој пат се надмина самата себе.

Фустанот кој пејачката го нсоеше е со таков крој, што ѝ ја истакна фигурата, а со својата едноставно остави елегантен впечаток.

Врз фустанот, имаше црн капут, а што се однесува до чевлите, се одлучи за впечатливи полудлабоки чизми.

Во оваа прилика, Нина ја имаше пуштено косата, а шминката ѝ беше природна.

View this post on Instagram

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

фото: Принтскрин / Инстаграм