Стил на денот: Сека Алексиќ во совршено издание, најавува голем претстоен тренд

Добивај вести на Viber

Модните комбинации на популарната пејачка Сека Алексиќ многу често оставаат без здив.

Дополнителна модна инспирација секогаш можете да ја најдете на профилот на Сека Алексиќ на „Инстаграм“. Ако останете без идеи за секојдневна облека, вечерна или за забава со пријателите, Сека Алексиќ секогаш има конкретно решение.

Сека Алексиќ носи совршена комбинација и најавува голем претстоен тренд.

Сите нијанси на крема и кафеава боја секогаш се ИН за оваа сезона, па затоа Алексиќ често се одлучува за варијации на тие бои. Најчесто за бојата на белото кафе, што, патем, оди добро со нејзиниот бронзен тен и темната коса.


Згодната пејачка со целосните шик панталони носи бела елгантна блуза, а целата модна приказна ја зачини со чизми до глужд во кафе боја.

Трендот што се заканува да ги освои модните писти е дефинитивно комбинација на деловен и шик стил, кој Сека го претстави совршено. 

Ако не сте љубител на кафеави и крем нијанси, овој стил можете да го носите во која било друга боја. Бидејќи виолетовата е апсолутен хит и оваа сезона, ви предлагаме да пробате во боја на јоргован или слива.

извор:story.rs