Ќе ужива со сопругот: За што Сека Алексиќ искешира 10.000 евра во нејзиниот луксузен дом?
Сека Алексиќ долго размислувала за овој потег, а сега реши да го оствари својот сон!
Пејачката Сека Алексиќ инсталирала сауна во својот дом во Стара Пазова, за која платила 10.000 евра.
Имено, Сека долго размислувала за овој потег, и на крајот се одлучила за сауна со средна големина, која е изработена од најфини материјали.
- Со години Сека се грижи за својот физички изглед и здравје. Бидејќи одамна изгради фитнес сала во својот дом, долго размислуваше за инсталирање на сауна, заради сите здравствени придобивки што ги има. Неодамна таа реши да ги реализира своите планови - изјави извор близок до пејачката.
- Сека се одлучи за сауна со димензии 2х2м2, во која може да се сместат четири лица, колку што има нејзиното семејство - рече изворот и посочи дека пејачката не штедела пари за своето спа катче.
- Таа бараше да биде изработена од најскапо дрво, германска опрема, професионални врати... Она што го побара Сека чинеше 10.000 евра, но цената не ѝ претставуваше проблем. Таа веднаш плати аванс на компанијата што ја инсталираше сауната, а неодамна го доби готовиот производ. Самото производство траеше околу еден месец.
извор:GLOSSYПрочитајте и:
-НЕВЕРОЈАТЕН ЛУКСУЗ: Ѕирнете во гардероберот на Сека Алексиќ вреден 500.000 евра
-(ФОТО) Роденденска декорација од бајките: Сека Алексиќ емотивна за првиот роденден на синот Јован