(ФОТО) Топол семеен портрет: Празнично расположение во домот на Сека Алексиќ
Популарната пејачка се потруди да го украси својот дом на бајковиден начин за пречекот на новогодишните и божиќните празници, а нејзиното семејство не ја симнува
насмевката од лицето.
Српската фолк sвезда Сека Алексиќ и нејзиниот сопруг Вељко Пиjикиќ прават се‘ за да им го разубават секојдневието на нивните синови Јаков и Јован, па затоа сезоната на празници во нивниот дом во Стара Пазова е повесела од кога било.
Голема новогодишна елка во која доминираат бели мечиња, подароци, фигури на Дедо Мраз, украси ... сето тоа ги прави деновите на ова весело семејство уште повозбудливи, а Сека сподели фотографија која сведочи за одличното расположение.
Пејачката позираше со сопругот и синовите во празничното издание - носи црвен фустан, додека нејзините најмили имаат црвено-бели капачиња и не ги тргнуваат насмевките од лицето.
Фото: Инстаграм/seka_aleksic
Можеби ќе ве интересира:
Неверојатна сличност: Сека Алексиќ е копија на нејзината мајка