Стил // Стил на денот
Стил на денот: Северина во безвременска комбинација со чанта од 8000 евра
Северина несомнено е на врвот на листата на најдобро облечени пејачки во регионов, а тоа го докажуваат и нејзините фотографии на Инстаграм со кои редовно ги воодушевува обожавателите со својот беспрекорен изглед.
Овојпат за ладните зимски денови во Сараево, таа облече крзнен капут во темна нијанса, модел кој доминира со аутфитот и сите други парчиња ги става во втор план. Затоа со топлиот и долг капут Северина избра едноставна и безвременска црнобела „Шанел“ чантичка од најновата колекција. Ваква слична чанта со малку поинаков дезен на официјалната страница на брендот може да се најде по цена од нешто помалку од 8000 евра.
Извор: direktno.hr