Не се ни сомневаме дека ќе ги купи: Северина со панталони од 900 евра на Долче и Габана
Познатата хрватска пејачка Северина редовно ги почастува своите следбеници и обожаватели со фотографии преку кои споделува дел од нејзините активности и дел од нејзиното секојдневие. Овој пат таа сподели фотографија од снимањето на новогодишно-хуманитарна програма на која има навистина фантастичен стајлинг на кој најмногу ѝ се истакнуваат панталоните.
Станува збор за модел на модната куќа Dolce & Gabbana во ефективна нијанса на огнено црвено и со металик завршница.
Панталоните со висок струк и skinny крој имаат продолжени ногавици со мал патент на самото дно на ногавицата. Овие типови на панталони неизбежно ќе ги засенат сите останати парчиња облека и додатоци кои ги носите, но токму тоа го заслужуваат со оглед на тоа колку добро изгледаат.
Инаку, пејачката за овие панталони платила 895 евра или 55.490 денари.
Фото: Инстаграм-Северина/Screenshoot- dolcegabbana
Легенда: Погледнете како Северина ја дотера мајка си во нејзините чудни високи потпетици