Стил на денот: Шехерезад блеска во бел фустан во 9-от месец од бременоста

Добивај вести на Viber

Турската актерка, убавата Бергузар Корел, која ги освои срцата на публиката со улогата на познатата Шехерезад, со сопругот Халит Ергенч наскоро ќе станат родители по трет пат. Најпознатиот турски пар овој пат чека девојче.

Корел и Ергенч гордо изјавија дека очекуваат девојче кому ќе му го дадат името Лејла. „По тешкиот период кој го имавме изминатата година, на оваа бременост гледаме како на голем благослов.“, вели Корел, која често споделува фотографии на кои се гледа дека ужива во бременоста. 

Деновиве таа објави фотографија со која ѝ рече „чао“ на 38-та недела од бременоста, па даде до знаење дека кратко време ја дели до донесувањето на свет на Лејла.

По повод забавата пред доаѓањето на бебето на свет, Бергузар заблеска во бел фустан во кој го истакна стомачето.

Во љубовен занес позираше со сопругот Халит, како и со пријателите, а ги покажа и декорациите по повод забавата.