,

Убавата „Шехерзад“ блеска во бременоста: Го очекува третото дете во четвртата деценија (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Славната двојка важи за еден од најпознатите турски актерски парови.

Прославената двојка Бергузар Корел (38) препознатлива како Шехерзад и нејзиниот сопруг Халит Ергенч наскоро повторно ќе станат родители, а синовите на славната актерска двојка Али и Кан со нетрпение го очекуваат породувањето.

И покрај армиите на обожаватели и приказните за разводот поради наводна прељуба на нејзиниот сопруг, Бергузар и 12-години повозрасниот Халит изгледаат посреќни од било кога.

Според објавите на социјалните мрежи, би се рекло дека воопшто не им било досадно за време на изолацијата, но евидентно е дека наследниците го имаат главниот збор во нивниот дом. Актерката малку ја преуредила внатрешноста на домот, а неодамна се пофали со нова кујна на „Инстаграм“, нејзиното омилено катче.

„Ми се допаѓа кога сè е на свое место, јас сум перфекционист. Мора да се знае редоследот и што каде треба да стои. Сега конечно можам да уживам во кујната“- напиша убавата актерка.


Инаку, на породувањето со првиот син, присуствувал и Халит, а Бергузар години подоцна ги сподели емотивните фотографии од тој ден.   

Поврзани вести:

„Шехерзад“ е бремена со трето дете на 38 години: Величенствениот и убавицата од „1001 ноќ“ повторно ќе станат родители

Ѕирнете во домот на Шехерезад и Сулејман: Славната актерска двојка има мало царство (ФОТО)