Совршенство: Турскиот актер на породувањето на сопругата - емотивни моменти и првиот допир со синчето

Добивај вести на Viber

Турскиот актер е најсовршен сопруг и сакаме секоја жена да најде таков!

Халит Ергенч, попознат како Сулејман Величествениот и неговата сопруга Бергузар Корел се родители на две деца - синот Али кој има 11 години и бебенце кое го добија минатата година во Март, за кое криеја до последен момент.

За роденденот на Али, Бергузар, или за нас попозната како Шехерзад сподели фотографии од породувањето каде актерот бил присутен.

Таа вели дека после 11 години со дозвола од синот Али ги споделува овие фотографии за да го честита роденденот на нејзината прва среќа.

Овие фотогрфии се можеби и најдоброто нешто што сме го виделе во последно време, и очигледно романтиката не недостасува во животот на актерите.
Толку е совршено се на овие фотографии што посакуваме сите ние да доживееме такви моменти.

На првата фотографија, Халит го прегрнува Бергузар пред да се породи - сцена од која  почнуваме да се топиме од среќа, 

а потоа гледаме фотографии како тој цело време ја држи за рака и ја милува додека да се породи, а ние сме сигурни дека на сите нас дефинитивно ни треба таква личност доживотно.

Турските sвезди се доказ дека хармоничната љубовна врска не е само желба на сите нас кои ја немаме, туку тотално реално очекување кое навистина можеме да го имаме и да се надеваме.

извор:zenskikutak.rs