,

„Шехерзад“ е бремена со трето дете на 38 години: Величенствениот и убавицата од „1001 ноќ“ повторно ќе станат родители

Добивај вести на Viber

Бергузар Корел (38) е бремена по трет пат, а убавата вест ја сподели со своите следбеници на Инстаграм.

Турската актерка Бергузар Корел, која ја запознавме во турската серија „Илјада и една ноќ“ како Шехерезада го чека своето трето дете со сопругот, актерот Халит Ергенч. Иако во последно време медиумите шушкаа дека нивниот брак е во криза, оваа прекрасна вест конечно стави крај на негативните шпекулации.

Актерката ја дознала среќната вест уште на почетокот на снимањето на новиот телевизиски проект, кој го откажа, за да може да се посвети на грижата за себе и одржувањето на бременоста.

- Не сум на малите екрани три години, но за време на неколкумесечните подготовки за улогата во серијата „Кнали Јаи“, дознав дека сум бремена. Иако бременоста не ме спречи да продолжам со проектот, сепак моравме да го одложиме снимањето поради физички промени кои не беа соодветни за мојата улога. Не ми е лесно да се збогувам со серијалот што го подготвував со одлични луѓе. Сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги од кои научив многу и со кои поминав низ прекрасниот процес на креирање на овој проект. Моја желба е нашите патишта да се вкрстат повторно еден ден - напиша таа, и додаде:

- Од моментот кога објавив дека сум бремена, не можев да одговорам на сите пораки. Ме направивте многу среќна, ви благодарам многу. Нека драгиот Алах ви даде многу здравје и среќа. Ви благодариме за постоењето.

View this post on Instagram

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)


извор:zenskikutak.rs

Поврзани вести:

Совршенство: Турскиот актер на породувањето на сопругата - емотивни моменти и првиот допир со синчето