Стил на денот: Шпанската кралица Летиција во фустан кој освојува

Добивај вести на Viber

Фото:Profimedia

Шпанската кралица Летиција (48) избра фустан за состанокот на Управниот одбор на Фондацијата за борба против зависноста од дрога, на кој изрази поддршка за најранливите групи во општеството.

Имено, кралицата носеше модел од Libre „колекцијата 2021/2022“ на шпанскиот моден креатор Улис Мерида, кој го изработи фустанот во соработка со здружението АПРАМП - организација која се грижи за жени жртви на сексуална експлоатација, присилна проституција и трговија со луѓе и работи на нивна превенција. 

Сите парчиња од колекцијата на шпанскиот дизајнер ги изработија 12 штитенички на АПРАМП кои со помош на организацијата беа обучени за шивачки. 

Прекрасната кралица на префинетиот стил на облекување заслужи голем аплауз со овој потег и е вистински пример за членовите на другите кралски семејства.

Шпанската кралица Летиција и овој пат покажа дека заслужно е на листата најдобро облечени дами во светот.