Стил // Стил на денот
Стил на денот: Сиена Милер во шик комбинезон кој ќе биде моден хит оваа есен
Актерката и модна икона Сиена Милер прошета низ Лондон во фармерки кои ќе бидат хит есенва што следува.
Имено таа го искомбинира овој тексас комбинезон со трегери со бела маичка и лежерна пунџа, интересни кафени очила и златни висечки обетки.
Сиена носеше кафени влеки и плетена чанта, а стајлингот го освежи со додатоци како златен накит и тиркизен лак.
Фармерките, според модните експерти, ќе бидат хит за есен 2022 година, а можете да ги носите и кога ќе излезете навечер, доколку ги комбинирате со високи потпетици, малку поформален топ или модерно сако.
Извор: stil.kurir.rs